Во тетовско Камењане ќе се отвори кафуле за жени

Bez autora
Jun 01 2014

На 1 јуни во 13.30 часот ќе се отвори првото кафуле за жени во с. Камењане. Кафулето се наоѓа на главниот пат, на 50 метри јужно од старата општинска зграда. Отворањето ќе се одбележи со кратки говори од Медина Синани, сопственичката на кафулето, Хазби Идризи, градоначалник на општина Боговиње, Теута Арифи, градоначалник на општина Тетово и Мери Џо Волерс, сопруга на амбасадорот на САД во Македонија. По официјалниот дел ќе следува коктел. Медина Синани го започна својот бизнис со помош на грант од иницијативата на УСАИД за поддршка на жени-претприемачи. Кафулето ќе вработи неколку локални жени и ќе нуди дополнителни услуги за бизниси предводени од жени во регионот. Кафулето ќе служи за друштвени и бизнис-средби за локалните жени, но исто така, ќе служи и како изложбен простор за пекарски производи и рачни изработки произведени од жените во регионот.

Во тетовско Камењане ќе се отвори кафуле за жениНа 1 јуни во 13.30 часот ќе се отвори првото кафуле за жени во с. Камењане. Кафулето се наоѓа на главниот пат, на 50 метри јужно од старата општинска зграда.

Отворањето ќе се одбележи со кратки говори од Медина Синани, сопственичката на кафулето, Хазби Идризи, градоначалник на општина Боговиње, Теута Арифи, градоначалник на општина Тетово и Мери Џо Волерс, сопруга на амбасадорот на САД во Македонија. По официјалниот дел ќе следува коктел.

Медина Синани го започна својот бизнис со помош на грант од иницијативата на УСАИД за поддршка на жени-претприемачи. Кафулето ќе вработи неколку локални жени и ќе нуди дополнителни услуги за бизниси предводени од жени во регионот. Кафулето ќе служи за друштвени и бизнис-средби за локалните жени, но исто така, ќе служи и како изложбен простор за пекарски производи и рачни изработки произведени од жените во регионот.

Пред церемонијата, Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, Општина Боговиње и Здружението за локален рурален развој ќе потпишат меморандум со кој официјално ќе стапат во партнерство за поддршка на жени-претприемачи во Полог. Меморандумот ќе се потпишува во 13.00 часот во старата општинска зграда во Камењане.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik